22 годишна мајка од Масачусетс се фрлила под автомобилот за да си ги спаси ќерките кои биле на задното седиште.
Минди Тран ја паркирала својата Хонда пред нејзиниот дом, па излегла да ја отклучи влезната врата. Но, приодот до куќата на рид, и кога се свртела видела дека автомобилот почнал да се движи по удолнината, упатувајќи се кон главната и преополна улица.
Двете ќеркички, близначки биле врзани на задното седиште и мајката знела дека ако не го сопре автомобилот тие ќе загинат.
Се стрчала и со своето тело легнала пред автомобилот за да го забави.
Истрчал и соседот кој успеал да ја подигне рачната кочница.
Тран морала да биде извлечена од екипа пожарникари, и пренесена е во болница со скршена нога и дислоцирано рамо и колк.
Знаев дека во тој момент е во прашање мојот живот или животот на моите две ќеркички. А тие ми се не светот дури и да загинев јас доволно е што знам дека се тие безбедни, изјавила мајката.
Таа е сега во количка но заздравува.