Ова се 10 најголеми поплави во светот


1. Поплава од Северното море од 1212 година- Оваа поплава започнала во јуни 1212 година во Холандија и однела околу 60.000 животи. Биле потребни околу шест месеци за санирање на последиците. Во тоа време немало технологија која би го предупредила населението за надоаѓањето на циклонот. Спаѓа во една од најлошите природни катастрофи во историјата на Холандија.

atina poplavi2. Поплавата на Света Луција- Света Луција ја погоди Холандија и северна Германија на 14 декември 1287 година. Бурата била одговорна за несреќата која однесе околу 80.000 жители. Поплавата која бурата ја предизвика наречена е по Света Луција, празник кој се славен еден ден порано. Некои места било целосно поплавени.

3.Поплавата од реката Јангценкјанг во 1911 година- Оваа поплава била една од најсмртоносните несреќи кои Кина некогаш ги доживеала. Оваа река тече 6.418 километри од глечерот до истокот на Кина. Претставува главен извор на наводнување и транспорт во Кина. Најголемата хидроелектрана на светото била изградена токму на оваа река. Во 1911 година, оваа река поплави и усмрти околу 100.000 лица. Остави околу 40.000 лица без дом, и предизвика штета од неколку милијарди долари.

4. Поплава од делтата на Црвената- Во текот на Виетнамската војна во 1971 година, црвената река на први август во својата делта започна да поплавува, поради што усмрти повеќе од 100.000 лица. Градот Ханој се наоѓа многу малку над нивото на морето, што придонесе за оваа катастрофа.

5. Поплава од Свети Феликс- Свети Феликс ја зафати Холандија на петти ноември 1530 година, кога поголем дел од земјата беше погоден од водата, која пак однесе повеќе од 120.000 животи. Штетата која била предизвикана од поплавата била проценета на повеќе од 100 милиони американски долари.

poplavi6.Поплава од Јангценкјанг во 1935 година- Најдолгата река во Азија и третата најдолга река на светот, во 1935 година уште еднаш предизвика поплава. Во таа прилика загинаа повеќе од 150.000 лица, а голем број од преживеаните останаа без домови. По поплавите се појавија бројни болести ширум земјата- како маларија, дерматитис и туберколоза.

7.Тајфунот Нина- На реката Ру во градот Џумајден, во 1949 година, изградена е браната Банкјао. Таа произведувала 20ГВ струја и многу градови зависеле од струјата од оваа брана. Во август 1975 година, дефектот на браната довел до поплавување на половина Кина. Повеќе од 160.000 лица загинале, а околу милион останале заробени повеќе од девет дена. Штетата била проценета на повеќе од 500 милиони американски долари.

poplavi srb38. Поплава од реката Хоанхо од 1938 година- Додека Втората кинеско-јапонска војна била во полн ек, Кина се наоѓала под голем притисок, затоа што ниту еден напад не и успеал. Тогаш одлучиле да ја подигнат вратата од браната на оваа река, што подоцна довело до несреќна поплава, која однела околу 800.000 животи.

9.Поплава од реката Хоанхо од 1887 година- Поплавата од 1887 година, била разорна за Кина. Тој 28 септември, речната вода поплавила и усмртила повеќе од 900.000 лица. Повеќе од два милиони останале без домови, а околу 50.000 квадратни километри земја биле поплавени.

10.Кинеската поплава од 1931 година- Поплавата на централна Кина од 1931 година, се смета за најсмртоносна несреќа на светот. Започна на почетокот на јули во 1931 година, кога Хоанхо и уште две реки поплавиле 2.500.000 лица на спиење. Се верува дека со оваа поплава, погодени биле вкупно 28 милиони лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1