Ова се 10 најздрави намирници на светот


pecurka1. Печурки

Овој вкусен намирник со мало количество на калории е одлична замена за црвено месо. Тие го регулираат нивото на естроген кај жените и штити од рак.

Брз рецепт: Насечете ги печурките на парчиња и пржете во маслиново масло, додадете лук и вино и варете додека виното не испари. Гарнир со печени пилешки гради е одлична комбинација.

2. Јачмен

Житарици богати со растителни влакна и вистински борец против висок холестерол и многу корисен за варењето на храната.

Брз рецепт: Сварете јачмен и грав и додадете било каков зеленчук. Ќе добиете вкусно вариво. Ако сакате подобар вкус испржете неколку парчиња пршута и додадете ги во варивото.

orevi-stres3. Ореви

Неверојатен намирник богат со омега 3 масни киселини, кој го намалува високиот холестерол.

Брз рецепт: Наполнете ја дланката со неколку ореви, суви смокви и анасон, ќе добиете енергетска бомба, која може да замени десерт и да се јаде помеѓу оброци.

4. Интегрални тестенини

Најздравата форма на тестенини која содржи три пати повеќе корисни влакна од било кои други. Целите зрна се многу здрави за системот за варење.

Брз рецепт: Запржете малку лук и додадете малку туна во маслиново масло, пченка и сецкани домати.

puter kikiriki

5. Путер од кикирики или бадеми

Овие намирници богати со протеини содржат мононезаситени (олеински) масни киселини, кои се многу здрави за срцето. Путер можете и сами да си направите.


Брз рецепт:
 2 чаши печени кикирики или бадеми, размешајте со 1.5 лажичка масло, половина лажичка кафеав шеќер и малку сол. Ако сакате посладок путер, додадете малку мед.

Кои се другите 5 најздрави намирници и рецепти како да ги употребувате прочитајте на БабинЛек.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1