Четврта година по ред, ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи е број еден на листата на 50 најдобри ресторани во светот.
Само минатата година прв беше шпанскиот El Celler de Can Roca од Џирона, кој сега се врати на второ место. Сите четири награди се во периодот од 2010-та до 2014-та.
Сајтот на организаторот на наградите, како карактеристично јадење за Нома го наведува “Зимски компир подготвуван во ферментиран јачмен.” Ко-сопственик и главен шеф на ресторанот е Рене Реџепи, по потекло Албанец од Македонија.
Рангирањето на листата се базира на оценките од над 900 меѓународни гурмани од Академијата Дајнерс Клуб Топ 50 најдобри ресторани во светот. Готвачите, сопствениците на ресторани и критичарите ги избираат најдобрите ресторани врз основа на нивните лични искуства во нив.
Ова се трите најдобри ресторани во светот:
1. Noma, Copenhagen
(карактеристично јадење: “Зимски компир подготвуван во ферментиран јачмен”)
2. El Celler de Can Roca, Girona, Spain
(карактеристично јадење: “Charcoal-grilled king prawn, king prawn sand, ink rocks, fried legs, head juice and king prawn essence”)
3. Osteria Francescana, Modena, Italy
(карактеристично јадење: “Oops! I Dropped The Lemon Tart”)