Стравот да не удри метеор како што минува времето, кај голем дел од популацијата станува се поголем. Како што минува времето, се пократок е периодот од предвидувањата дека можно е да не „стрефи“ голема неизбежна катастрофа од која ниту најмалата бактерија на планетата нема да може да се спаси.
Глобалниот убиец како што ги нарекуваат овие тела со големина на фудбалско игралиште се појавуваат на секои 2000 години. Објектите од вселената кои успеваат да ја преживеат нашата атмосфера генерално се метеори, кои се мал дел од астероидите или кометите кои орбитираат околу Сонцето.
Досега се верува дека неколку удари на метеори го разобличиле еволуциониот тек на животот на оваа планета. Впрочем пред 65 милиони години поради ваков удар изумреле диносаурсите. Од големиот број на удари метеорите создале кратери околу планетата. Ударите дури и помогнале во создавањето на формата на океаните.
Еве неколку слики од места како на планетата, каде што се верува дека удрил метеор.
1. Кратерот во Канада- Manicouagan Crater
познат како еден од најстарите и најголеми кратери што се забележани на планетата.
Експертите веруваат дека тој бил создаден пред 214 милиони години, а оттогаш глечерите одиграле голема улога во ерозијата.
НАСА го нарекува овој кратер како едно од најлесните места за удар од вселената. Кога ќе се набљудува од вселената тоа изгледа како прстен во езерото.
2.Кратерот во Аризона – Barringer Crater
Првиот кратер кој бил идентификуван како резултат на астероид е Барингер кратерот, познат и како Метеор Кратер.
НАСА верува дека астероидот, широк 80 метри, удрил на површината на северна Аризона пред околу 20,000 до 50,000 години.
се наоѓа во областа Кимберли во Западна Австралија. На сликите кои се направени од сателитот на НАСА Тера, може да се види лажната боја која ја рефлектира топлинската емисија и рефлексија.
Формата на конус во центарот на кратерот дава индикации за возраста на овој кратер, за кој се верува дека настанал во периодот пред 900 до 600 милиони години.
5. Кратерот на Северната територија на Австралија Gosses Bluff
долг 24 километри и се смета дека е стар околу 142 милиони години. Австралија е втора по бројот на кратери на нејзина почва после Северна Америка.
Сепак, ова може да е случај само поради тоа што кратерите во Северна Америка, се повеќе се изучуваат, за разлика од оние во Австралија.
Околу 60 милји северно од арктичкиот круг во источна Русија се наоѓа езеро чие дно всушност претставува кратер создаден пред 3,6 милиони години.
Црвената боја на фотографијата ја означува вегетацијата. Климатските истражувачи сметаат дека од езерото може да ја извлечат континуирана евиденција за климатските промени во текот на изминатите неколку милиони години.
Кратерот во Гана кој се наоѓа под езерото Босумтви е стар околу 1 милион години. Се наоѓа во густа дождовна шума, поради што бил тежок за испитување.
Сепак експертите сметаат дека истиот е резултат на удар.
Дијаметарот изнесува 11 километри од север кон југ и 10 километри од исток кон запад.
3. Кратерот во Јужна Африка – Vredefort Dome
широк 186,4 милји и е најголемиот заверен кратер на планетата Земја. Се смета дека е стар околу 2 милијарди години.
Формиран е од астероид широк само 10 километри. Во тоа време животот на земјата се состоел само од микроскопски растителен живот. Силата со која што удрил овој астероид е 10 пати поголема од експлозија на нуклеарна бомба.
8. Најдлабокиот кратер на Земјата се смета дека се наоѓа на Вилкс земјиштето во Антарктикот. Сепак екпертите не можат да потврдат поради тоа што кратерот е закопан 2 километри под мраз.
Се претпоставува дека постојат околу 140 кратери на Земјата. Досега НАСА проценува дека се откриени околу 25%