Абдул К. Н. (1979) и Имер Н. (1981) од Скопје, вчера беа приведени по пукањето во Клиничкиот центар во Скопје во кое еден доктор заврши со прострелна рана.
Тие утрово беа изведени на распит пред Судот откако Министерството за внатрешни работи им поднесе кривични пријави.
По приведувањето во полициска станица двајцата во целост го појасниле делото. Второпријавениот Абдул и претходно и е познат на полицијата, против него веќе е поднесена кривична пријава за сторени две дела, тешка кражба.