Ова се крадците кои “оперираа” во Клинички центар – фатени се на камера како крадат (ВИДЕО)


Завчера Канцеларијата за криминалистички работи од ПС Аеродром, поради сомнение за сторено кривично дело ги приведе лицата А.С.(36), З.П.(47) и Д.С.(43) тројцата од Скопје осомничени за “кражба” казниво по член 235 и 236 од КЗ на Република Македонија.

Имено лицата се затечени во близина на Клиничкиот центар во Скопје каде што примаат метадонска терапија и при извршениот преглед на лицата од страна на полициските службеници пронајдени се клучеви од патничко моторно возило, плочка од Авторадио со ЦД во футрола, очила за сонце и лични документи на име од друго лице при што лицата се приведени во ПС Аеродром.

kadci klinicki

По обавениот разговор со нив утврдено е дека З.П. и Д.С. искористиле згодна прилика при што од стол во библиотеката на Клиничкиот центар додека Д.С. му го одвлекувал вниманието на докторот кој бил во просторијата, З.П. украл една женска чанта оставена на едно столче по што заедно ја напуштиле просторијата и незабележани од никого излегле од објектот да го чекаат А.С.

Во меѓувреме, З.П. од украдената чанта задржал само клучеви од ПМВ со кои пробал да го најде возилото, но не успеал во тоа, по што му ја дал чантата на А.С., кој под изговор дека случајно ја пронашол, ја оставил на портирницата од Клиничкиот центар.

bolnici_hodnik-500

Пријавените по настанот продолжиле да се движат по паркингот на Клиничкиот центар при што во еден момент лицето А.С. се одделил од групата и од возило Форд Мондеоо, користејќи згодна прилика, преку отворениот прозорец ги одземал предметите пронајдени при прегледот и се обидел со украдените банкарски картички од банкомат да извади пари, но неуспеал во својата намера.

Лицата од извршените кривични дела се стекнале со противправна имотна корист од околу 30.000 денари. Од страна на ККР Аеродром, пронајдените предмети со потврда за вратени предмети се вратени на сопствениците. Се превземаат мерки за докажување на инволвираност на лицата за сторени и други кривични дела.

Ова се снимките од безбедносните камери во Клинички Центар на кои се гледа како оперираат уапсените крадци:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1