Ова се македонските граѓани кои се наоѓаат на бродот што се запали


Онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“ го објавуви списокот на патници на фериботот кој рано утрово се запали додека пловеше од Грција кој италијанскиот град Анкона.

Кај троца од нив, стои ознаката МК, дека тие се од Македонија. Сите се машки пол, еден е со презиме Арифи а двајцата со Даути, имињата не се наведуваат, јави дописникот на МИА.brod-goriii-500

Во една од најтешките спасувачки акции на море, според истиот извор влучени се грчки, албански и италијански спасувачки пловни објекти, како и хеликоптери. Над 170 патници се спасиле качувајќи се на чамци за спасување, додека другите не можеле да се префрлат во чамци бидејќи снемало струја за нивно спуштање.

Со хеликоптер три деца на возраст од две и по три години поради премрзнување се транспортирани во болница во Бари.

Фериботот патувал од источното пристаниште Патра за италијанскиот град Анкона, а во него имало и 222 возила.

Спасувачката операцја продолжува, но се одвива отежнато поради разбранувато море и ниските температури.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1