Ова се македонските милијардери


Иако сумите на светскиот пазар се многу повисоки и во Македонија имаме милијардери. Макпетрол“ прави најголем промет на македонскиот пазар, по него е „Македонски телеком“, па „Фершпед“, Усје, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“. Тоа се гигантите на македонската економија чии приходи од продажба на домашен пазар изнесуваат 300 милиони евра за половина година!

„Макпетрол“, „Македонски телеком“, „Фершпед“, „Усје“, „Бетон Скопје“ и „Алкалоид“ се шесте домашни компании кои имаат најголеми приходи од продажба на македонскиот пазар, покажа истражувањето на „Фактор“ направено врз основа на јавни податоци објавени во базата на Македонската берза на хартии од вредност, кои официјално се објавени во неревидираните неконсолидирани биланси на овие компании за првите шест месеци годинава.Stacks_of_money

Во истражувањето беа вклучени параметри од 18 компании од различни економски сектори: градежништво, телекомуникации, производство на храна и пијалоци, лекови и медицинска опрема, градежни материјали, челични производи, угостителство, малопродажба, шпедиција, производство на текстил и производство на тутун и цигари како и трговија на големо и мало со нафта и нафтени деривати. Уште еднаш истакнуваме дека во истражувањето беа вклучени компании чии акции се тргуваат на македонскиот пазар на капитал и кои врз основа за законските одредби и правилата на берзата се обврзани и објавуваат финансиски извештаи.

„Макпетрол“ е компанијата која има најголеми приходи од продажба на македонскиот пазар. Компанијата во првите шест месеци има приходи од продажба во износ од 8,54 милијарди денари што изнесува околу 136,7 милиони евра и надминува третина од износот на најголемите шест компании. Во споредба со лани „Макпетрол“ изгубил 902,9 милиони денари приходи и го намалил своето пазарно учество за 15 милиони евра. Компанијата во последниве неколку години бележи загуби, а во последно време има сериозни нарушувања и на имиџот зашто имаше кривична пријава кон менаџментот од полицијата на што се приклучија и неколку ситни акционери.

Македонски телеком е втора компанија според волуменот на приходи од продажба на домашниот пазар во првите шест месеци годинава. Тие изнесуваат 4,777 милијарди денари односно 77,54 милиони евра. Во споредба со лани оваа компанија бележи зголемување на продажбите на домашен пазар за 52 милиони денари, а години наназад е лидер на македонскиот телекомуникациски пазар.

Фершпед, најголемата македонска шпедиција е на трето место на листата на компании со најголеми приходи на домашниот пазар, од редот на фирми кои јавно ги објавуваат своите биланси на Македонската берза. Иако има пад на приходите од продажба „Фершед“ во првите шест месеци годинава има реализација од 1,4 милијарди денари односно околу 22,8 милиони евра.

Скопската цементарница Усје е четврта компанија на листата на најголемите продавачи. Нејзините приходи од продажба за половина година иснесуваат 1,317 милијарди денари (21,4 милиони евра) и во споредба со истиот период лани се пониски за 123,6 милиони денари односно за 2 милиони евра. Во вакви услови на стопанисување оваа компанија има оперативна добивка од 579,3 милиони денари. Значајно да се истакне е тоа што македонскиот пазар во првите шест месеци генерирал дури две третини од сите приходи од продажба на цементарницата.

Бетон Скопје е петти на листата на македонските најголеми продавачи. Оваа компанија во првата половина од годинава остварила домашни приходи во износ од 1,2 милијарди денари (безмалку 20 милиони евра) и тие се за 50,2 милиони денари повисоки од истиот период лани. Важно да се каже е тоа што 100 отсто од приходите на оваа компанија се на домашен пазар. Нејзината градежна оператива е ангажирана на многу инфраструктурни проекти финансирани од централниот буџет, но и на значајни проекти кои се во тек а се дел од фамозниот мега проект „Скопје 2014“.

ЗаСе.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1