Ова се момчињата херои кои ја спасија жената во Охрид


Станојче Илов, Христијан Ламбески и Хамид Бајрам се младите херои кои вчера околу 16:45 часот храбро скокнаа во ладните води на Охридското Езеро за да ја спасат жената која се обиде да се самоубие скокајќи од карпа кај месноста Лабино.

stanojcehamid– Одевме од Лабино кон Канео со Хамид и Христијан кој прв ја виде жената како стои на карпата. Се свртевме кон таа страна и после неколку секунди таа скокна во езерото. Бргу стигнавме на местото и јас и Христијан се соблековме по боксерки и скокнавме во езерото. Водата беше ладна. имаше и бранови, но некако успеавме да ја извадиме на брегот. Хамид остана да повика помош, вели за Супер радио 18-годишниот херој Станојче Илов.

Тој додава дека кога ја извадиле од езерото, жената не била во свесна состојба и дека помошта стигнала бргу.

41-годишната Г.Д. вчера скокна во студените езерски води од карпа висока десеттина метри, но за среќа беше спасена од младите момчиња, сите на 18-годишна возраст, ученици во четврта година во охридското економско училиште.

Охрипрес / Супер радио

stanojcehamidhristijan

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1