Овие момчиња – Бојан Паунковиќ (21), Далибор Димитриевиќ (20) и малолетниот В.М. се уапсени поради сомнение дека брутално ја тепале и силувале 16-годишната девојка.
Тројцата силувачи и девојчето кое било на гости кај нејзината мајка во Варварин, заедно седеле во селската кафеана во Обреж.
Околу полноќ девојката тргнала дома со својот пријател. Во тој момент Д.Д. им понудил превоз и откако го оставил нејзиниот пријател дома, Д.Д. ја однел девојката на сред поле каде ја силувал, по што ја вратил назад.
Девојчето таму се пожалило на пријателите на Д.Д. дека била силувана од негова страна, на што тие одговориле дека „штом можела со Д.Д. може и со нив“.
Насила ја качиле во автомобилот носејќи ја во една напуштена куќа каде ја силувале и тепале нанесувајќи и сериозни повреди.
Силувачите биле уапсени во понеделникот, освен малолетниот В.М. кој бил испратен во поправен дом.