Ова се можни сценарија откако на Ноле повторно му ја укинаа визата


Карен Свини, судски известувач за австралискиот „Асошиетед прес“, вели дека има четири можни исходи по оваа одлука:

  1. Ѓоковиќ да го прифати второто одбивање и да се качи во авионот и да си замине од Австралија.
  2. Успешно да ја обжали одлуката на суд и да остане во Австралија и игра на Австралија опен.
  3. Неуспешно да ја обжалил одлуката на суд и да се качи во авион и да си замине од земјата

Доколку жалбата биде одбиена, тој ќе мора да ја напушти Австралија, но во тој случај речиси сигурно ќе добие тригодишна забрана за влез во земјата.

4. Да победи на суд, но владата да ја обжали одлуката. Потоа ќе треба да се одлучи дали да остане или да го напушти притворот за мигранти, како и тоа дали ќе може да игра на турнирот за време на жалбената постапка.

Професорката на Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј, д-р Јанина Боуви, изјави дека Новак може да побара од судот да ја преиспита одлуката на министерот.

Реално е дека, ако нема грешка во правниот процес или ако одлуката нема основа, шансите на господинот Ѓоковиќ успешно да се жали на одлуката на министерот Хок се многу мали – вели д-р Бауи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1