Ова се најмладите милијардери во светот


„Форбс“ ја објави листата на најбогати луѓе во светот, а она што привлече особено внимание е дека меѓу милијардерите се најдоа неколку млади луѓе. Моментално, најмладите милијардери се 21-годишната Александра Андерсен и нејзината сестра, 22-годишната Катарина.

Од петте најмлади милијардери, тројца живеат во Норвешка.

5. Џон Колисон (27 години)

Откако го напуштил Харвард, Колисон со неговиот брат го основале „Страјп“, американскиот сервис за плаќање преку интернет. Иако се родени во Ирска, и двајцата браќа живеат во Сан Франциско, каде што се наоѓа и компанијата. Вредноста на нивната компанија е проценета на 9.,2 милијарда долари.

4. Иван Шпигел (27 години)

Шпигел со другарот од Харвард во 2011 година ја создале апликацијата за размена на фотографии „Снепчет“. Кога нивната апликација станала една од најбараните, Шпигел станал најмладиот извршен директор на јавна компанија. Околу 170 милиони луѓе секојдневно ја користат оваа апликација.

3. Густав Магнар Вико (24 години)

Вико поседува речиси половина од норвешката рибарска компанија „Салмар“, една од најголемите светски производители на лосос. Неговиот татко Густав Вико, кој сè уште ја води компанијата, му дал акции во 2013 година. Додека неговиот татко управува со компанијата, Густав се занимава со вложување во недвижнини и старт-ап компании.

2. Катарина Андерсен (22 години)

Втората најмлада милијардерка во светот, е постара од нејзината сестра Александра. Сестрите Андерсен наследиле 42 отсто од семејната компанија „Ферд“. Нивниот татко и понатаму управува со компанијата.

1. Александра Андерсен (21 година)

Најмладата милијардерка во светот е Александра која има 21 година. Нејзината компанија, што ја дели со својата сестра, е активен инвеститор на нордиската берза.

Таа и нејзината сестра Катарина првпат се појавија на листата како 1475. по богатство. Тоа се случи така што нивниот татко Јохан им пренел удел во својата компанија „Ферд холдингс“ 2007 година. Инаку, семејството Андерсен оствари големо богатство во тутунската индустрија со генерации наназад.

Оваа компанија е продадена за 500 милиони долари во 2005 година, а парите биле инвестирани во недвижности и фондови. Две години подоцна, нивниот татко им дал 80 отсто од неговиот акции во компанијата „Ферд холдингс“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1