Ова се насилниците кои искршија кафуле поради „Распукала Шар Планина” (Видео)


Единицата за насилен криминал идентификуваше двајца учесници во насилниот инцидент во кој беше демолиран угостителски објект во старата скопска чаршија. Двете лица беа лишени од слобода од страна на припадниците на „Алфа“ единицата по што во присуство на надлежниот Јавен Обвинител беше извршено нивно препознавање.

uapseni sar planina

Се работи за насилници на возраст од 24 и 25 години кои пред три дена, на улицата Бит Пазарска  бр.95 (стара скопска чаршија) поточно во кафе бар „Њу Орлеанс“, со уште неколку засега непознати лица, влегле во внатрешниот дел од локалот, по што едно од лицата се приближило до шанкот кај диџејот кој пуштал музика, и во еден момент физички го нападнал и му го скршил лап топот бидејки истиот пуштал македонска музика.

nu-orleans

Истот така, лицата ги искршиле и прозорските стакла, инвентарот во објектот и на летната тераса, а физички нападнале и тројца од персоналот меѓу кои и вработена, која се обидувала од мобилен телефон да повика полиција, по што го напуштиле местото на настанот.

На тој начин пријавените заедно со другите лица кај оштетените, вработените и присутните гости предизвикале чувство на страв, загрозеност и несигурност.

Инаку, пријавениот кој веќе е префрлен во притвор во Истражниот затвор Скопје, и претходно е пријавуван од полицијата како сторител на кривични дела проследени со насилство за што во 2011 година е осомничен за сторени две кривични дела „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие “ и „Учество во тепачка“ при инцидентот кој што се случи на Кале.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1