Ова се новите први луѓе на разузнавање и јавна безбедност (Фото)


На денешната седница Владата на Република Македонија именуваше директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, информираат од владината прес-служба.

Goranco-Savovski-500

За директор на Бирото за јавна безбедност е именуван Горанче Савевски, досегашен началник на Централните полициски служби.

За директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е именуван Љупчо Андоновски, досегашен началник на Одделот за безбедност и контраразузнавање – Скопје.

ljupcvo

Горанче Савевски и Љупчо Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1