Композиторот и пејач Јован Јованов, менаџерот и сопственик на „План Б“ продукција, Кристијан Стефановски, неговиот брат Игор и Борис Видески сопственик на фирмата „Видекс“ која го организирала телевоутингот, се осомничени за местење на Скопскиот фестивал, тврди „Прес 24“ повикувајќи се на полициски извори.
Претходно МВР потврди дека во голема акција на распит во полиција се приведени познати личности кај кои биле пронајдени голем број на СИМ картички со кои се вршела измама во гласањето на „Скопски фестивал“.
СМС-картичките се купувале од сите три мобилни оператори Четврица ќе се гонат кривично за злосторничко здружување и компјутерски криминал околу сомнението дека местеле гласови за Скопскиот фестивал, соопштија од МВР.