Ова се помилуваните од СДСМ со одлуката на Иванов


Опозицискиот лидер Зоран Заев, осомничен во случаите „Пуч“ и „Поткуп“, екс- разузнавачот Зоран Верушевски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата Бранко Црвенковски, сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски  се само дел од помилуваните лица со одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.verus

Зоран Верушевски со вчерашната одлука на претседателот на државата Ѓорге Иванов успеа по втор пат да избегне одговорност пред законот. Со одлуката на Иванов се прекинува кривичниот прогон и против актуелниот претседател на СДСМ Зоран Заев за случаите „Пуч“ и „Поткуп“.

Покрај Заев и Верушевски, меѓу помилуваните се и останатите осомничени во „Пуч“ Ѓорѓи Лазаревски, Соња Верушевска, Бранко Палифров и Звонко Костовски  кој по вчерашната одлука на Иванов денеска е ослободен.  Костовски , кој призна дека дека незаконски следел комуникациите и истите му ги предал на Верушевски е амнестиран од издржување на затворска казна. Костовски беше осуден на три години затвор откако беше осомничен за шпионажа и неовластено прислушување и прифати судска спогодба.zaev

-До Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден, од кабинетот на Претседателот на Р.Македонија беше доставена одлука за помилување на осудено лице, при што Судија за извршување санкции веднаш ја достави одлуката на наделжно постапување на затворската инсистуција, за потполно слободување од натамошно издржување на казна затвор на осудениот З.К.,  кој со предлог спогодба КОК ПП бр. 131/15 од  25 март 2015 година е осуден на единствена казна затвор во траење од 3 години за кривичните дела Шпионажа од член 316 ст. 4 вв со член 24 од КЗ и Неовластено прислушкување од член 151 ст. 4 в.в со ст.1, а во врска со член 45 од КЗ“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Одлуката за помилување важи и за сопругот на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, кој беше осомничен дека во периодот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал 4 станови сопственост на неговото семјство за суми кои се неколкупати повисоки од реалните на домашниот пазар на недвижности.uc

Со одлуката на Иванов исто так се прекинува кривичниот прогон и против поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата Бранко  Црвенковски чиј предмет „Надеж“ исто така беше преземен од Специјалното јавно обвинителство.

Меѓу помилуваните можат да се забележат и имињата на обвинителите од СЈО Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, но и името на лидерот на ДПА Мендух Тачи, членот на ДИК Бедредин Ибраими, како и името на Исмет Гури, член на општинска изборна комисија, еден од осомничените во случајот „Титаник“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1