Ова се повредените во тешката сообраќајка кај Удово во која загина бебенце (ФОТО)


Лекарите се борат за животот на мајката Марија (30) и чичкото Никола (24), додека пак братчето Матија (5) има тешки скршеници а таткото Драган (34) има полесни повреди.

-Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, со солзи во очите сведочеле лекарите од велешката болница, пренесува српски Курир.

s002

Шесте повредени веднаш биле пренесени во најблиската боница во Велес, но лекарите залудно се обидувале да го реанимираат малиот Андрија.

-Ова е страшно! Што ни се случи!? Ни загина бебето! Сите сме во шок, не можеме да си дојдеме на себе. Марија и Драган толку многу се радувале на одморот и види што ги снајде, низ солзи објаснувала Милена Маринковиќ во својата куќа во Чуприја.

soo

Марија веднаш по несреќата била пренесена во Велес, каде е реанимирана па пренесена во Скопје каде и е извршена операција. Таа е сега на интензивна нега, но тоа не значи дека е надвор од животна опасност.

Никола Маринковиќ е сеуште во кома, а Матија се здобил со скршеница на бутната коска и карлицата, но е вон животна опасност.

udes-poginula-saobracajna-n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1