Убиство во Скопје: Момче усмртено со метална шипка


25 годишниот Али Реџепи починал откако вчера вечерта, 36 годишниот Суат Бислими го удрил со метална шипка во главата.

Како што дознава Press24 од полициски извори, убиството се случило во скопската општина Шуто Оризари на улицата Патрик Лумумба.

policija-skopje1-540x320Според првичните и се уште неофицијални информации, до убиството дошло по претходна расправија меѓу Али и Суат, кој бил очув на девојката на сега веќе починатото 25 годишно момче.

Имено, Суат во полиција пријавил дека неговата поќерка е грабната и го навел Али како грабнувач. Подоцна вечерта, тие двајца се сретнале по што настала жестока расправија која кулминирала со тепачка. Во еден момент, Суат со метална шипка го удрил Али по главата по што воој паднал на земја. Со фрактура на черепот итно бил префрлен во Ургентниот центар, каде утрово околу 2 часот починал.

Полицијата веќе го има обезбедено Суат, кој најверојатно ќе одговара за тешки телесни повреди со последица смрт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1