Ова се сите неработни денови до крајот на годината


Ова се сите неработни денови до крајот на оваа година:

no work· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
· 01 мај (четврток), Ден на трудот
· 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
· 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
· 02 август (сабота), Ден на Републиката
· 08 септември (понеделник), Ден на независноста
· 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
· 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
· 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед:

· 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
· 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
· 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

· 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
· 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
· 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед:

· 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:

· 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:

· 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:

· 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:

· 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:

· 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:

· 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1