Покрај Коби Брајант и неговата ќерка, во тешката хеликоптерска несреќа загинаа уште седум луѓе, познат е идентитетот на сите кои го загубија животот.
Во тешката хеликоптерска несреќа која се случи околу 9:47 по локално време, загинаа сите кои биле во леталото.
Покрај Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинаа уште седум други луѓе.
Една од жртвите е соиграчката на Џиана, Алиса која во хеликоптерот била со нејзините родители Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон Алтобели имал 56 години и работел како бејзбол тренер на универзитет. Тој речиси на секој меч ја прател својата ќерка, овој пат бил заедно и со сопругата.
Џиана и Алиса играа за кошаркарската академија „Мамба“ која е на Коби Брајант, а името го добива по неговиот прекар.
Меѓу загинатите е и Кристина Маузер, кошаркарски тренер во приватна школа во Оринџ Каунти.
Во несреќата загинала и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон. Пилотот бил Ара Зобајан.