Пендаровски со честитка: Свети Сава остави трајно наследство меѓу својот српски народ


„Дозволете да ви го честитам Свети Сава-Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и да ви посакам празникот да го поминете во мир, радост, среќа и благосостојба. Со својата духовна и просветителска дејност, Свети Сава остави трајно наследство меѓу својот српски народ, но се здоби со почит и слава меѓу сите христијани на Балканскиот Полуостров. Неговото житие е пример за верба, посветеност и истрајност од кој генерации и генерации негови следбеници наоѓаат инспирација за исполнет и достоинствен живот.

Вие, припадниците на српската заедница, со своите традиции и обичаи, историја и култура сте неотуѓив сегмент од севкупното културно и општествено живеење во нашата земја. Ја користам оваа честитка да ви се заблагодарам за сиот придонес во градењето на меѓусебно разбирање и соживот како влог во изградбата на модерна и просперитетна Република Северна Македонија. Да продолжиме максимално да работиме на развојот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите нејзини граѓани“ стои во честитка на на претседателот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1