Ова секој треба да го прочита – Родителското писмо кое го освои светот


Обземени од секојдневните обврски, трката по пари, обидите да го средиме своето семејство, децата – честопати знаеме да изгубиме трпение со старите, со родителите. Не посветуваме доволно внимание, а ним им е потребно толку малку. Само да се до нас!!!

Прочитајте го ова писмо и не заборавајте да секој ден им кажете на постарите дека ги сакате, да им подарите насмевка или топла прегратка.. За нив тоа значи се!!baba 33

Драги сине/ќерко

  • Сега уште не сум остарен, а кога ќе ме видиш таков, биди трпелив со мене и пробај да ме разбереш.
  • Ако се накапам додека јадам, и ако сам неможам да се облечам, биди трпелив со мене. Сети се на сатите кои ги поминав додека јас не те научив на тоа.

 

  • И ако во разговор повторувам исти работи повторно и повторно, немој да ме прекинуваш, слушај ме. Кога беше мал, морав да ти ги повторувам истите работи по сто пати.
  • И ако не сакам да се мијам и капам, немој да ми се смееш и да ме вреѓаш. Сети се како јас морав да те молам и да измислувам илјада причини за да успеам да те искапам тебе.
  • Кога ќе видиш колку не ја познавам новата технологија, дај ми време и немој да ми се потсмеваш, бидејќи јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш и да се соочуваш со животот.
  • Ако некогаш во разговорот ја изгубам мислата, дај ми малку време за да се потсетам и ако не успеам во тоа, немој да се лутиш.
  • Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку тоа да сум со тебе и да знаеш да ме слушаш.
  • Ако не сакам да јадам, немој да ме присилуваш, сам знам кога ми е потребна храна.
  • Кога старите нозе нема да можат да ме држат и нема да можам да одам, подај ми рака исто онака како што јас тебе ти ја подавав кога прв пат проодуваше.
  • И ако ти кажам дека сакам да умрам, не сакам да живеам, не лути се. Еден ден ќе ме разбереш.
  • Еден ден ќе сватиш, дека и покрај сите мои направени грешки, ти посакував само најдобро, те сакав и пробав да те подготвам за понатамошниот живот.
  • Немој да бидеш тажен, не се лути и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таков. Биди покрај мене и пробај да ме разбереш и да ми помогнеш, онака како што јас тебе ти помагав кога почна да живееш.

БИДИ МИ ПОТПОРА, ПОМОГНИ МИ ДА ГО ЗАВРШАМ ОВА ПАТУВАЊЕ СО ЉУБОВ И СО ТРПЕНИЕ. ЈАС ЌЕ ТИ ВРАТАМ СО НАСМЕВКА И СО НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ КОЈА ОТСЕКОГАШ ЈА ЧУВАВ ЗА ТЕБЕ.

ТЕ САКАМ СИНЕ/ЌЕРКО

ТВОЈОТ ТАТКО/ТВОЈАТА МАЈКА!

Boza.mk

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1