Ова тажнo момче сака да ја спаси својата болна сестра


Бекам О’Нил знае дека неговата сестра Елиза страда од болест која „го запушува нејзиниот ум“ и поради тоа таа не може најдобро да учи. Тој знае дека неговото семејство прави сé што може за да набави лек за неа. Она што тој не го знае е дека без лекот  болеста е смртоносна.

На Елиза во јули 2013 година е дијагностициран Санфилипов синдром. Тоа е ретка состојба која може да предизвика губење на говорот, способноста да оди, а поради таа состојба Елиза може да умре.

bekam2-Таа многу сака да трча, многу е активна и страда од сериозна болест. Тоа се вика Санфилипов синдром и го запушува мозокот и затоа не учи добро. Тоа не може да се контролира, хиперактивна е цело време,  вели малиот Бекам.

Постои генетска терапија која би можела да и помогне. За овој процес потребно е семејството да собере 2, 5 милиони долари, па семејството О’Нил е во акција и очајно собира средства.

Сега Бекам (7) ги моли добрите луѓе да им помогнат.

– Навистина нам ни е потребна вашата помош за да го набавиме лекот за мојата сестра, брзо, токму сега, вели тој во видеото објавено на Јутјуб.

Неговиот татко, Глен признава дека тој и неговата сопруга Клара секој пат плачат кога го гледаат видеото со Бекам.

На крајот од видеото, оваа симпатично и храбро момче вели дека сака сè да биде како порано.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1