Во свет на милион луѓе се служат и паметни телефони и корисници се на голем број бесплатни апликации како што е батериската ламба, преку која се шпиунирани и надгледувани, предупредуваат експерти. Токму преку таа батериска ламба се собираат голем број податоци за локацијата, детали за сопственикот по пат именикот, а се оди толку далеку да се шпиунираат и содржините на приватните пораки.
Сите податоци на истражувањето се праќаат на маркетиншки компании за да се следат навиките во купувањето на сопственикот, а истите тие доверливи информации ги користат и криминални групи, хакери и крадци кои преку тоа добиваат пристап до вашата банкарска сметка.
Батериската ламба ја симнале над десет милиони корисници, а многу е мал бројот на оние кои го прочитале целото упатство во кое пишува до што се оваа апликација има пристап, така наречени ситни зборчиња, во кои стои дека податоците ќе се префрлст нс трето лице.
SnoopWall американската компанија за сајбер заштита, чиј основач е Гери Милифски кој е советник на американската влада, предупредил дека со инсталирањето на бесплатните апликации е отворена Пандорината кутија.
Експертите истакнале дека ова не се однесува на Ајфон апликацијата која е фабрички инсталирана пред купување на телефонот.