Оваа руска бабичка од модерната црвенката стана херој откако се прошири веста по светските медиуми. 56 годишната бабичка била нападната од волк во близина на нејзиниот дом. Но не се уплашила туку го направила ,,парче,, со секирата која ја имала во близина.
Aishat Maksudova живее во селце во регионот Дагестан. Отишла да ги собере кравите и овците кои паселе. Видела дека едно од телињата било нападнато од волк. Веднаш отрчала дотаму за да го избрка волкот.
Тогаш волкот се свртел и ја нападнал неа – но бабаичката не останала покусо. Му вратила со секирата која ја држела.
Не бев исплашена. Вака стоев и вака ја држев секирата а тогаш волкот со отворена уста ме нападна, скокна на мене. Вака скокна. Ме грабна за нога и јас го ,,акнав,, со секирата,, вака бабичката ја раскажува својата приказна.
Го удрила еднаш а тој ја гризнал за раката. Таа се обидела да му ја отвори устата тогаш со секирата почнав да го удирам по главата. Тој тегнеше гризеше јас удирав.
На крајот бабаичката победила. Селаните кои чуле врисоци дотрчале но веќе волкот бил мртов а тие зачудени со мобилен повикале полиција. бабичката мртва ладна им рекла – еве ви го правете што сакате со него.