Оваа песна ја разбесни Меланија Трамп – еве зошто


Првата дама на САД, Меланија Трамп, е лута на сонародниците Словенци, бидејќи го користат нејзиниот лик за да заработат.

Ликот на првата дама се наоѓа на многу производи, палачинки што се печат со нејзино име, мед со нејзини фотографии, дури и долна облека, а една словенечка компанија направи линија минерална вода со име на американскиот претседател.Melania_Trump_2011

Севница, родниот град на Меланија, се надева дека наскоро ќе стане „Мека“ за туристи и затоа подготвуваат сé за тој момент. Во текот на изминатите празници, накитената елка на главниот плоштад го носеше нејзиното име.

Сепак, чекор натаму од сите направи ансамблот Славичег, шестчлен бенд кој направи песна за Меланија, а некои стихови од песната гласат: „…Меланија преку Трамп ќе оди во Белата куќа. Од Севница директно до врвот на светот зашто има нос за вистински маж….“

Оваа песна стигна до ушите на Меланија која уште во декември изнајми адвокати од Словенија да ѝ помогнат да спречи злоупотреба на нејзиниот лик и дела.

Во декември, кога во Словенија започна општата опсесија за Меланија, таа најави дека нема да поднесува тужби, но имајќи предвид дека оваа песна дополнително ја вознемири, се очекува во наредниот период таа да биде многу поостра. Првата дама на САД наводно не ја интересираат пари но стравува дека некој ќе ѝ го извалка угледот.

Нејзината адвокатка Наташа Пирц Мусар, која е и новинарка, неодамна првпат се слушнала со Меланија, а за медиумите изјави дека никого не тужеле, но „Меланија не е јавна сопственост и истите правила и закони ќе важат за неа исто како и за останатите јавни личности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1