Прво појавување на рибата паку во европските води. Експертите предупредуваат дека шведските мажи треба да внимаваат и при пливањето да не бидат голи оти е откиено дека рибата паку ги јаде тестисите и пенисот на мажите.
Предупредувањето уследи по фаќањето на оваа риба во „Oresund Sound” минатата недела. Уловената риба имала околу 20 сантиметри во должина. Паку е по потекло од регионот на Амазон. Се’ уште не е јасно како оваа риба се нашла во вода со многу различни услови.
Оваа слатководна риба може да расте и до 90 сантиметри и да достигне тежина од 25 килограми. Нејзиниот прекар е „сечач на јајца“ оти ги напаѓа машките гениталии. Националниот историски музеј на соседна Данска предупреди: „Не го соблекувајте вашиот костим за капење”. Во областите кои се природно живеалиште на оваа риба, постојат бројни случаи на рибари кои искрвавиле до смрт откако биле гризнати од паку.
Рибата паку го прошири своето живеалиште и во Нова Гвинеја, а била забележана и во едно езеро во Тексас. Необјасниво е од каде паку за прв пат во водите на Европа. Се веруваше дека ако таа се донесе намерно, нема да преживее во условите во европските реки.
Сепак, се чини дека паку има неверојатни карактеристики на прилагодување. Слични експерименти со пираните досега не успеале, бидејќи тие не можеа да се прилагодат на зимски услови на европските реки.
Карл Хенри, експерт за риба од данскиот музеј, вели дека паку е речиси идентична во изгледот со пираната, само разликата е во тоа што паку има заби за дробење.
Карл вели дека ако ова е изолиран случај, тогаш нема проблем, но ако паку се појави и во другите води во Европа, тоа ќе биде голем проблем.