Шпанската полиција во Валенсија уапси жена по обвинение за обид за кражба на три бебиња од две болници во градот, соопшти претставник на шпанската полиција, пренесува Танјуг.
Како што пренесуват шпанските медиуми, таа би требало да се појави пред Судот во Валенсија.
Неименуван полициски претставник, наведе дека жената била уапсена за време на минатиот викенд.
Жената влегла во болницата облечена во лекарски мантил и на таткото кој бил во собата на бебето му рекла дека мора да се направат уште некои анализи, но бидејќи не знаела да прецизира за каков вид на анализи станува збор, таткото се посомневал и го земал бебето.
Жената е обвинета и за слични обиди во други болници.