Овие 5 надоместоци газдите мора да ви ги исплатат секој месец


Секој работник има право на надоместок на трошоците кои се направени поврзани со работата, а се уредени со Закон за работни односи и колективниот договор.

Надоместок ви следува за следните трошоци:

1 Дневници за службени патувања во земјата (8% од основицата)

2 Дневници за службени патувања во странство во согланост со уредбата за издатоци за службен пат и селидби во странство

3 Теренски додаток доколку работите на терен (сместување, исхрана и слично)

4 Надомест за одвоен живот од семејството утврден во колективниот договор, но не помалку од 60% од основицата.

5 Ако користите сопствен автомобил ви следува надоместок од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат км

Законски надоместоци:

-Доколку се селите за потребите на работата, трошоците ги покрива работодавачот

-Регрес за годишен одмор или к-15 во висина од најмалку 40% од основицата

Покрај надоместоците наведени нагоре, на работникот му се исплатува надоместок и:

-Во случај на смрт на работникот, на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици

-Во случај на смрт на член на семејството, на работникот му се исплатува надоместок во висина од две основици

-Во случај на потешки последици од елементарна непогода, на работникот му следува надомест во висина од една основица

-За непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување на работникот му следува надоместок во висина на една основица

-За 10 години работа кај истиот работодавач, на работникот му се исплатува јубилејна награда во висина на основицата

-При заминување во пензија на работникот му следува најмалку двократен износ на основицата

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците е всушност просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија која е исплатена во последните 3 месеци.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1