Овие билки се толку моќни што за 6 часа го прочистуваат воздухот во домот


Алое Вера

Дејство: Го впива формалдехидот и вишокот јаглерод диоксид и значајно го подига нивото на кислород во просторијата. Само една саксија од оваа билка има исто влијание како и девет биолошки прочистувачи на воздух.

Одржување: Алое верата бара светлина, но не и одговара ниту премногу висока температура. Совршено би било температурата да биде околу 20 степени Целзиусови. Не поднесува многу влага и не би требало да ја полевате повеќе од еднаш неделно.zacini bilki doma gradina

Зелен лилјан (клорофит)

Дејство: Одлично ги впива отровите од воздухот како формалдехидот, јаглерод моноксидот и бензенот. Една саксија од оваа билка може да прочисти простор од 200 квадратни метри.

Одржување: Зелениот лилјан е многу лесен за одржување. Подеднакво добро поднесува и светлина и сенка. Совршен е за канцеларии бидејќи не му пречи нередовното полевање.

Бршлен

Дејство: Бршленот отстранува 60 отсто од мувлата од воздухот и 58 отсто од честичките од фекалиите за само шест часа од ставањето во просторот. Исто така ги уништува и габите.brslen

Одржување: Расте брзо и лесно се адаптира на сè, освен на многу високи температури.

Фикус

Дејство: Посебно е делотворна за прочистување на воздухот од формалдехиди.

Одржување: Фикусот не бара многу за одржување. Не му треба многу светлина, па може да стои и во аглите на собите, но внимавајте ако имате мали деца бидејќи неговите листови може да бидат и отровни.fikus

Лилјан на мирот

Дејство: Оваа домашна билка одлично ги филтрира отровите од воздухот, како што се бензенот, формалдехидот и триклоретиленот. Исто така, ги прочистуваат алкохолите и ацетоните од воздухот.

Одржување: Ова е исклучително отпорна билка. Успева во речиси секоја просторија, единствено е важно во зима да се штити од замрзнување. Се полива два пати неделно и и годи прскањето на листовите. Но не му пречи и нередовното поливање, бидејќи корените на оваа билка имаат способност за складирање на вода и храна.

Свекрвин јазик

Дејство: Оваа билка е позната како билка која произведува најмногу кислород, посебно ноќе, па токму затоа се препорачува за во спални соби.

Одржување: Ова е исклучително отпорна билка и ѝ треба многу мала светлина за фотосинтеза и многу малку вода. Толерира и сув и влажен воздух, но сепак не чувајте ја блиску до вентилатор или клима уред.

 

 

НАСА вели дека би требало да имате меѓу 15 и 18 од овие билки во простор од 500 метри квадратни, а тоа значи дека за 80 квадрати, доволни се од 3 до 4 растенија. Не заборавајте една од овие билки да ја ставите во вашата спална соба, бидејќи и таму поминувате доста голем дел од времето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1