Овие диети можат да ве убијат во буквална смисла!


Сирова храна

Иако нутриционистите најчесто ќе се согласат со мислењето дека сировото овошје и зеленчук изобилуваат со многу витамини и потребни хранливи состојки, постојат опасности бидејќи одредени видови е подобро кога термички ќе се обработат, а да не се напоменуваат тука и опасностите од бактерии и нечистотии.

Директорот на истражувачкиот центар “Mount Sinai Adolescent Health Center”, Кристофер Очнер, потенцира дека ова воопшто не е едноставна диета бидејќи бара повеќе часовни подготвувања, сецкања, дехидрација или чистење на плодовите.

dieti-koi-ubivaat-07Алкална диета

Оваа диета бара да се исфрли месото од исхраната, а освен него и сите млечни производи, слатки, кофеин, алкохол, вештачки намирници и преработена храна. Иако има позитивна насока со оглед на тоа дека вклучува големо количество на овошје, зеленчук, зрнеста храна и јаткасти плодови, сепак не е научно докажано дали сепак ќе се ослободите од вишокот на килограми бидејќи голем дел од овие намирници се исклучително калорични. Накусо, оваа диета е навистина строга и се изоставуваат намирници кои се многу важни за постигнување на балансирана исхрана.

Диета според крвната група

Авторот на оваа диета, Петер Д’Адамо, тврди дека истата е базирана на тоа какви хемиски реакции предизвикува храната која ја консумираме. Така, на пример, оние кои имаат крвна група 0 им се препорачува да јадат месо, овошје и зеленчук, а да ги избегнуваат млечните производи. Сепак, досега не постојат никакви научни докази дека ќе ослабете ако се исхранувате на ваков начин, иако оваа диета може да биде многу строга поради ограничените намирници.

Месечева диета

Ако ги следите Месечината и Месечевите мени, веројатно сте слушнале или сте ја пробале Месечевата диета. А таа вели дека кога Месечината е полна, тогаш се пости цели 24 часа. Иако се чини дека навидум сте изгубиле од тежината, што не е ниту најмалку чудно ако не јадете ништо во буквална смисла на зборот цел ден, докторите опоменуваат дека тоа е сосема нездраво, а изгубените килограми ќе се вратат веднаш штом почнете со нормална исхрана во текот на следните денови.

Диета со бисквити

Оваа диета е пласирана од страна на доктор Сигал и таа беше своевремено и вистински хит во Холивуд, но таа е далеку од она што веројатно помисливте – дека може да консумирате бисквити буквално до бескрај. Наместо тоа, во организмот е дозволено да се внесат 500-600 калории во вид на квалитетни бисквити кои изобилуваат со влакна и притоа може да се комбинираат со други диетални оброци, но да не се прејдат максимални 1.200 калории на дневно ниво. Со оглед на тоа дека станува збор за редукциона диета, ниту еден доктор не би се сложил со ваков режим на исхрана.

Диета со пет залаци

Ова е уште една редукциона диета бидејќи во денот не смеете да ја минете бројката која вели максимални 1.000 калории. Оваа диета е препорака од докторот за гојазност Алуин Левис, а според неговиот предлог, појадокот се прескокнува, додека за ручек и вечера се јадат по пет залаци од било која храна по ваш избор. Сепак ова е далеку од идејата да се јаде разновидно и по малку, бидејќи пет залаци едноставно не се доволни за вашето тело да работи како што треба и да ги обавува своите важни функции.

Волшебна чорба од зелка

Веќе години наназад на листата на најпопуларни диети е токму оваа која ни е добро позната, но најголем проблем со ваквата исхрана е тоа што за сите три оброци дневно се јадат исти намирници а тоа трае со денови. Диетата е успешна бидејќи исхраната се базира на нискокалорични намирници преполни со влакна и вода. Сепак, на крајот се работи за брза диета поради која со самиот глад може да чувствувате и надуеност, а може да се соочите и со проблем со гасови. Исто така, на оваа диета и недостигаат бројни останати важни состојки какви што се протеините и здравите маснотии.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1