Социјална мрежа за богати – Регистрирање 9.000 евра


The Netropolitan Club е веројатно и најексклузивната online заедница. Токму како што постојат ексклузивни клубови во кои се собираат најбогатите и најуспешните во реалниот живот, такво нешто очигледно постои и на интернет мрежата.

Некој очигледно посакал ВИП личностите да се издвојат од останатите и на интернет мрежата. Оваа заедница е претставена како “online клуб за луѓе кои имаат повеќе пари отколку време”.socijalna mreza za bogati

За да се зачлените во Netropolitan потребно е да платите 9.000 долари само за да се регистрирате, а потоа членството за секоја година ќе ве чини по 3.000 долари.

Се наведува дека всушност се работи за друштвена мрежа во која може да запознаете истомисленици ширум светот кои го делат вашиот животен стил и интереси.

Сервисот е недостапен од јавната интернет мрежа, а тука се вклучуваат и пребарувачите, а целиот пренос помеѓу членовите на Netropolitan е кодиран.

Оваа друштвена мрежа за елитата ја основал Џејмс Тачи-Питерс, поранешен диригент во филхармонискиот оркестар од Минесота бидејќи тој ја согледал потребата за средина во која може да говорите за поубави нешта во вашиот живот, наведува CNN. Тој ветил дека оваа веб страница нема да објавува огласи, како и тоа дека ќе постојат модератори кои ќе ви бидат постојано на услуга.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1