Овие продолжни кабли се опасни по живот


Веќе две години по ред пазарната инспекција во Босна и Херцеговина врши надзор на продолжни кабли за употреба во домаќинството.

Opasni_kabloviРезултатите од проектот за надзор минатата година на овие производи покажа дека 80 проценти од примероците не ги исполнуваат условите безбедност на електричната опрема и претставуваат сериозен ризик од пожар и струен удар.

Во текот на истрагата се вршење контрола на 10 различни видови на продолжни кабли за употреба во домаќинството, а резултатите се дека само два вида од нив се безбедни. Дел од овие продолжни кабли ги има и по пазарите во Македонија затоа внимавајте

Фото 1: Продолжен кабел од непознат тип со четири штекери

Производот може да предизвика електричен шок, бидејќи не е прописно означен и корисникот може многу лесно да ја отвори кутијата и да ја менува структурата на производот. Штекерите немаат затворачи, а немаат ниту доволна површина на попречниот пресек и се подолги отколку што е дозволено. Ако кабелот се свитка тој се топи и се пали.

pr_kablovi1

Фото 2 :Продолжен кабел тип КЛАН периферија 105

Овој произвот може да предизвика струен удар затоа што не е правилно означен, а штекерите немаат затворачи

pr_kablovi2

Фото 3: продолжен кабел тип 01.28.60

Овој производ може да предизвика струен удар затоа што не е правилно означен, штекерите немаат затворачи, а конструкцијата на штекерите не е во согласност со стандардите.

pr_kablovi3

Фото 4: Продолжен кабел од непознат вид со три штекери

Овој производ може да предизвика струен удар затоа што не е правилно означен, и корисникот може лесно да ја отвори кутијата. Кабелот се топи при свиткување додека е уклучен во струја.

pr_kablovi4

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1