Над 8.000 слободни работни места моментално има на пазарот на труд, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македoнија. Најмногу од нив во преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото, угостителските и финансиските дејности, како и во индустријата за информатички технологии, пишува Лидер.
Работодавачите велат- работа има. Од оние со завршено високо образование компаниите бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.
Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.
Средното стручно образование, пак, треба да испорача шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.
Невработеноста се намалува, а тоа го покажува и статистиката – стапката на невработеност во последниот квартал се намали на историски 24,6%. Проектот „Македонија вработува“, кој е при самиот крај, ги надмина очекувањата. Преку палетата мерки кои ги нуди владата за работодавачите и невработените, досега работно место пронашле над 14 илјади лица.
Клучните сектори од преработувачкат индустрија отвораат најмногу работни места, најмногу како резултат на влезот на странските инвестиции и домашните вложувања.