Овие садови се штетни – не гответе во нив


Тефлон

teflonСадовите кои не се лепат содржат пластични полимери (исклучок е само силиконот). Со загревање на тефлонска тава на температура од 260 до 350 степени, полимерите почнуваат да испуштаат отровна пареа која е смртоносна за домашните птици – канаринци и папагали, а секако не се здрави за луѓето.

Иако обично не ставаме празен сад на рингла, тоа може лесно да се случи, а ако тоа се случи со сад од тефлон, температурната граница ќе биде надмината.

Нелепливите садови за прв пат се појавиле во 1944 година. Пред тоа, куварите едноставно ставале повеќе вода или повеќе масло за да го избегнат лепењето на храната и готвеле на пониски температури. Тоа може да се примени и денес. Затоа, се препорачува да се избегнуваат садовите и кујнскиот прибор од тефлон.

Алуминиум

Садовите од алуминиум го испуштаат овој елемент во храната, а тој е опасен по здравјето на луѓето. Сепак, лиениот алуминиум е постабилен од обичните тенки алуминиумски тенџериња и тави. Исто така, треба да се избегнува алуминиумската фолија. Наместо да печете компир во алуминиумска фолија, печете го директно на скарата или во стаклена огноотпорна тава со капак.

Постои и нов вид на алуминиум (алугус) кој е нереактивен и доста долготраен. Меѓутоа, ако го изгребете ваквиот алуминиум, и тој станува реактивен. Затоа воопшто не се препорачува користењето на садови од алуминиум.

Бакар

Една предност на садовите од бакар е што добро ја спроведуваат топлината. Тоа овозможува рамномерно распоредување на топлината при подготвувањето на храната.

Садовите од бакар брзо се загреваат и брзо се ладат, што овозможува совршена контрола при подготовката на храната. Добрата топлинска спроводливост е важна и при пржењето.

Меѓутоа, садовите од бакар имаат два недостатоци – а тоа се високата цена и високата реактвиност. Бакарот, алуминиумот и лиеното железо се реактивни, што значи дека брзо реагираат со намирниците, а особено со киселата храна. Ваквите садови можат да ја расипат бојата и вкусот на храната, а да не спомнуваме дека во организмот внесуваат преголема количина на метали.

Пластика

plasticni kutiiРеактивноста на пластиката зависи од нејзината структура – колку е пластиката помека и пофлексибилна, толку е поголема нејзината реактивност. Ова значи дека пластична ќеса многу побрзо реагира со хранат отколку цврстите пластични садови.

Поливинил хлоридот, кој се наоѓа во пластиката, го испушта токсинот ДЕАХ, кој многу лоѓо делува на работата на хормоните. Исто така, пластиката содржи фталати кои се акумулираат во ткивата и штетат на работата на црниот дроб и белите дробови. При некои тестирања врз животни, било забележано дека фталатите направиле штета и на репродуктивните органи.

Испуштањето на фталати од пластиката во храната се зголемува под механички влијанија (свиткување, притисок, џвакање), под влијание на растрворувачи (масло, маст, плунка) и на високи температури (над 300 степени Целзиусови).

Умерено реактивни садови – добар избор

Нерѓосувачки челик – Инокс

Нерѓосувачкиот челик е најмалку реактивен метал. За многу луѓе, садовите од инокс се универзален и здрав избор. Од широката понуда на вакви садови кои денес ги има на пазарот, најдобри се тенџерињата со дебело дно или садовите од хируршки челик.

Но внимавајте, беднаш по готвењето отстранете ја храната од садот за готвење за да не поприми вкус на металот. Ако садот има гребаници – поради рибање со жица за садови, испуштањето на метални јони е уште поизразено. Затоа се препорачува воопшто да не ги рибате садовите од челик. Ако храната ви загори, посипете го садот со сода бикарбона или силно средство за чистење и малку вода, и оставете го садот да отстои така неколку часови. Содата ќе ја одвои залепената храна од дното и ќе ви помогне лесно да го исчистите садот.

Гус – лиено железо

Садовите од лиено железо се добри за подготовка на палачинки, погачици, тесто, и за пржење на зеленчук. Немојте да подготвувате супа, било каква течна и кисела храна во овие садови, бидејќи таквата храна реагира со овие садови.

Инертни и нереактивни садови – одличен избор

Емајлирани садови

Емајлот е во суштина стакло кое со посебна процедура е “залепено“ за металот. Денес постојат неколку брнедови кои нудат навистина квалитетни и добри емајлирани садови. Но, ваквите садови се навистина скапи, и тоа им е практично единствениот недостаток. Но внимавајте, ако добро се грижите за нив, квалитетните емајлирани садови можат да ви траат со години, додека оние со лош квалитет (поефтини се, но имаат тенок слој на емајл) лесно ќе уништуваат бидејќи тенкиот слој на емајл брзо пука.

Ако емајлот испука, јоните од железото во долниот слој на садот брзо ќе го пронајдат патот до храната и затоа ваквите испукани садови не би требало да се користат. Значи, доколку имате можност, купете поскапи и поквалитетни емајлирани садови.

Стакло

Стаклените садови, како и огноотпорните садови за печење се инертни и имаат достапна цена. Затоа, секако ги препорачуваме стаклените садови како здрав избор за вашата кујна.

Дрво и бамбус

Лажиците, стапчињата за јадење и останатите садови или кујнски прибор од било кое дрво или бамбус се нереактивни, здрави и имаат достапни цени.

Глинени и керамички садови

Глинените и керамички садови се инертни. Освен тоа, ваквите садови испуштаат фар-инфрацрвена топлина, најдобрата и најздравата топлина за подготовка на храна која исто така и додава на храната цел спектар на вкусови. Плус, имаат достапни цени и можат да се набават скоро секаде.

Меѓутоа, внимавајте од каде ги купувате ваквите садови, бидејќи слојот со кој се премачкани може исто така да биде отровен. Најдобро е, ако не сте сигурни за потеклото на глинениот или керамичкиот сад, да ги користите само за печење на сува храна (леб, пити), а никако храна која содржи сос или вода.

Хартија за печење

Хартијата за печење може да биде многу корисна во кујната. Можете со неа да ги покриете алуминиумските форми за печење или тефлонските тави, па на тој начин да ја неутрализирате нивната реактивност.

Освен тоа, хартијата можете да ја користите и за чување на намирници и храна, како замена за пластични ќеси, на пример.

Силикон

Се смета дека садовите од силикон се инертни и можат да се користат до температура од 220-250 степени, во зависност од силиконот. Ако оваа температура се надмине, силиконот ќе почне да се топи, но притоа тој не испушта токсична пареа.

Силиконот е единствениот нереактивен материјал кој не се лепи. Тој е направен од синтетичка гума од која денес се произведуваат најразлични тави, форми, лопатки за печење, сукала и подлоги за месење и сл.

Силиконските садови се отпорни на топлина, флексибилни се, лесни се за чистење и можат директно од рерна да се стават во фрижидер или ладилник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1