Овие сонови никако не смеете да ги игнорирате!


Симболите во соновите можат да влијаат на нашиот живот. Настаните и луѓето што ги сонуваме во нашата психа, можат да помогнат да ги решиме нашите дилеми. Во текот на сонот ниту телото, ниту мозокот не се неактивни. Постојат неколку вообичаени и значајни сценарија кои често се јавуваат во соновите кај сите луѓе и кај сите култури. Нив не смеете да ги игнорирате.sonuvanje3_201010

Летање

Едни од најчестите сонови се оние во кои летаме. Значат моќ или проблеми со самоувереноста. Клучен момент во тие сонови е почетокот, односно полетувањето. Летањето претставува слобода која се наоѓа вон човечките можности, па кога полетуваме го препознаваме сопственото чувство и моќ или неговиот недостаток. Летањето може да ја открива и состојбата на душата – лесно и весело полетување значи позитивен настан, додека паѓање во текот на летот, означува морални недоумици.
Овие сонови можат и да упатуваат на вашата желба да се ослободите од секојдневните грижи и да впиете нова животна енергија.

Тонење

Исто така се чести сонови, и тоа најчесто проследени со тескобно чувство. Покажуваат оптовареност со многу грижи и страв од непознато. Но ваквите сонови не се исклучително негативни. Тие можат да упатуваат на вашата зголемена подготвеност да се нурнете во длабочината на своите размислувања и сеќавања, односно подобро да го запознаете она што одамна сте го закопале во потсвеста.

Храна

Секако, ако сте легнале гладни, сосема веројатно е дека ќе сонувате храна. Но и во други случаи, храната во соновите означува неисполнети желби. Ако не сте задоволни, често се обидуваме тоа да го компензираме преку сонот. Секој вид храна има поинакво значење. На пример оревот претставува ментални способности, мангото симболизира сексуална желба. Значи не е важно дека сте сонувале дека јадете, туку што јадете и како, на што таа храна ви асоцира.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1