Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утвредни со закон и колективен договор и тоа:
– надомест на трошоците за користење на сопствен автомобил за потреби на работодавачот во висина од 30% од цената на литар
гориво што го корисити автомобилот за секој изминат километар;
– со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок;
– во случај на смрт на член на семејното домаќинство на работникот му се исплатува надоместок во висина од 2 основици;
– за јубилејна награда во висина на основицата – за најмалку 10 години работа кај ист работодавач.
– при заминување во пензија најмалку двократен износ од основицата
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република
Македонија исплатена во последните три месеци. Работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа. Трошоците за исхрана може да изнесуваат најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.
– дневници за службени патувања во земјата во висина од 8% од основицата;
– теренски додаток во зависност од обезбедените услови за работа на терен (сместување, исхрана и сл.), во висина утврдена со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач;
– надомест за одвоен живот од семејството,во висина утврдена со колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач, но не помалку од 60% од основицата.;
– надоместокот за одвоен живот се исплатува кога работникот е распореден, односно упатен на работа надвор од седиштетто на
фирмата или надвор од местото на постојаното живеалиште;
– надомест на трошоците при селидба за потребите на работодавачот, во висина на стварните трошоци;
Покрај надоместоците наведени погоре , се исплатува надоместок и:
– во случај на смрт на работник на неговото семејство се исплатува надоместок во висина од три основици;
– во случај напотешки последици од елементарни непогоди најмалку во висина од една основица;
– за непрекинато боледување подолго од 6 месеци поради повреда на работа или професионално заболување во висина на основицата;
На работникот му се исплатуваат и други на надоместоци согласно колективен договор на ниво на дејност, односно на ниво на работодавач.
Повеќе информации на – ПРАВДИКО