Италија со индекс од 4,88 е на удар на земјотреси, олуи, поплави, суши според минатогодишниот извештај за ризикот од природни катастрофи во светот, објавен од одделението на ОН за животна средина и човекова безбедност кој опфаќа 173 земји.
Од земјите во Европа поризични од Италија се Босна и Херцеговина со индекс 6,42, Романија (6,61), Грција со индекс од 7,36, Србија – 7,53, Холандија – 8,76 и Албанија – 10,01. Во нашиот регион втора најмалку ризична земја е Македонија со индекс од 6,14. Бугарија е со индекс 4,28.
Листата ја предводи островската држава Вануату со индекс на ризик од природни катастрофи од 36,43, следи Тонга со индекс 28,23 и Филипини – 27,52.
Од поголемите земји најзагрозени се Јапонија на 15. (14,1) и Чиле на 19 место со индекс од 12,28.
Меѓу најсигурните земји се Катар (0,1), Малта (0,61), Барбадос (1,16), Саудиска Арабија (1,32), Гренада (1,44), Исланд (1,55), Кирибати (1,78), Обединетите Арапски Емирати (2,1), Шведска (2,26), Финска (2,28), Египет (2,34), Норвешка (3,35)…