Овој мистик од Индија, тврди дека ништо не јадел и не пиел од 1940-та година.
Поради неговите луди тврдења биле спроведени неколку истражувања на неговото тело, но сеуште нема конечни резултати за неговата состојба.
Прахлад Јани, прв пат бил хоспитализиран во 2003-та година, каде 6 дена не јадел и не пиел ништо, а како што тврдат докторите ниту една витална функција не била загрозена.
Втор пат сличен тест е направен во 2010-та година, кога во болницата поминал 15 дена без храна и вода.
Прахлад тврди дека на 8-години, бил „благословен“ со тоа да може да живее без храна и вода, а единствено конзумира необичен еликсир.
Поголемиот број луѓе можат да живеат без храна неколку недели, но просечен човек без вода не може да издржи повеќе од 5 дена.
Резултатите од истражувањата спроведени над овој Индиец потврдуваат дека тој може да живее без храна и вода, но 70 години да живее вака е вистински феномен.