36-годишниот Метју се преселил во Париз по падот на Кулите близначки во 2001 година и веќе 14 години живее во срцето на Франција, но…
Ова е неговата неверојатна животна приказна, која ја пренесува Дејли Телеграф.
11 септември 2001
Метју бегал колку што го држеле нозете, кога терористите удрија во Кулите близначки во Њујорк.
Имено, тој се наоѓал на приземјето на Кулите близначки бил на разговор за нова работа кога авионот на United Airlines удрил во една од зградите.
-Трчав колку што можам побрзо преку половина Менхетн. Но, она низ што поминав во Батаклан беше 1000 пати полошо, вели Метју.
На црниот петок 13, 2015, Метју бил во публиката присутна на концертот на калифорнискиот бенд Eagles of Death Metal, кога вооружени напаѓачи упаднале и почнале да пукаат по луѓето. Тој вели дека веднаш препознал дека се работи за истрели од огнено оружје, и трчал кон излезот.
Вели дека еден од куршумите го погодил, но сепак успеал да отползи кон излезот, вртејќи се често назад за да види дали напаѓачите повторно ги наполниле своите Калашникови.
-Одев нанапред центиметар по центиметар. Во еден момент видов дека излезната врата ми е на дофат на рацете. Успеав да ја отворам вратата со едниот прст, потоа и со другиот, раскажал Метју.
Тој успеал да излезе надвор но од изнемоштеност се онесвестил на тротоарот. Него го виделе и му помогнале Даниел Псени, новинар на парискиот весник Монде и уште еден човек облечен во црно.