На кобниот 6-ти август, уште во 18 часот и 22 минути, на својот фејсбук профил Миле Димитровски споделил видео од почетокот на невремето, со цел да ги предупреди неговите пријатели на можните последици, пишува 365.
Во (аудио) коментарот во видеото, користејќи ги своите метеоролошки познавања, Димитровски предвидува дека се подготвува „големо невреме во Скопје“, „голем кумулонимбус“, дека „може и град да паѓа, и тоа јак“, и на крај, дека „многу страшно ќе биде ова“ и дека „ова во Скопје, поплава ќе направи“.