„Си ветив себе си дека за седум недели со велосипед ќе поминам 1.600 километри и дека за тоа време ќе се хранам исклучиво со храна која некој ја фрлил.“
„Признавам, неколку пати го прекршив правилото, еднаш поради топли пуканки кои мирисаа прекрасно и неколку пати јадев домати“, призна Роб.
„Иако поминав седум недели на велосипед, се здебелив три килограми“, се пофали овој еколошки авантурист.
Роб вели дека не јаде од контејнери затоа што е гладен, туку за да ги инспирира луѓето да не ја фрлаат храната. Исто така, тој изнесе и неверојатни податоци за фрлената храна.
Во Америка годишно се фрла храна во вредност од околу 165 милијарди долари…
За да се произведе храната која завршува на депонии, се троши толкава количина на вода за пиење, која е доволна за цела Америка.