Овој град е морничава мистерија – крие мрачна тајна


Бриџенд е мал град во Велс кој лежи на реката Огмор и кој изобилува со камени куќи и мостови. Меѓутоа според многумина тој крие мистерија која не можат да ја објаснат ниту научниците, ни психолози.

Дејли Кројл имал 18 години кога се обесил во еден напуштен магацин. Малку подоцна неговиот најдобар пријател Дејвид Дилинг (19) се обесил на дрво пред црквата, а по неколку дена на ист начин и на исто место и втор пријател Том Дејвис (20) си го одзел животот.

bridgent1

Во овој град започнала да се шири епидемија од самоубиства помеѓу младите. Во периодот помеѓу 2007 и 2009 година се самоубиле 25 лица, додека животот со бесење си го одзеле 24.

Од 2012 година до денес на територијата на Бриџенд се случиле уште 79 самоубиства.

Родителите на некои од жртвите за оваа мистерија ги обвинуваат медиумите. Имено тие тврдат дека медиумите влијаат на децата кои можеби веќе се депресивни, затоа што се зборува за големиот број самоубиства во градот.

Полицијата во 2010 година побарала од медиумите да не изнесуваат во јавноста информации за самоубиства.

Втора теорија е дека во градот функционира секта, но сепак не постои цврст доказ за ова тврдење. Еден тинејџер за појавата ја обвинил монотоноста во градот, па рекол дека луѓето не знаат што да прават со себе.

Овој феномен би можел да биде пример за она што психолозите го нарекуваат Вертеров ефект, каде што самоубиствата се случуваат во групи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1