Официјалните лица од град во јужен Велс предупредуваат на група овци што јаде канабис и предизвикува проблеми во областа.
Јоан Ричард, советник од Свонси каунти, стравува дека овците во областа се хранат со растенија канабис, кои биле фрлени од нелегална фабрика за производство на канабис.
– Се плашам да помислам што ќе се случи ако тие јадат од канабисот. Ние би можеле да имаме психотични овци кои постојано ќе дивеат низ областа – стравува Ричард.
Тој додаде дека едно стадо овци веќе било забележано како скита низ едно село и упаѓа на туѓи имоти.
– Веќе постои стадо овци кое предизвикува непријатности. Тие влегуваат во градини, при што во една прилика влегле во бунгалов и направиле хаос во спалната соба – вели Ричард.
Портпарол на Советот на Свонси каунти изјави дека канабисот е отстранет од областа и го осуди на процесот на нелегален увоз на ова растение.