Падна „дронот“, уапсен Исмаил Морина


Албанската полиција рано утрово уапсила четири лица, меѓу кои е и Исмаил Морина, човекот кој беше во центарот на скандалот со дронот на мечот помеѓу Србија и Албанија одигран во Белградmorina

Полицијата го сопрела џипот на Морина, а при претресот кај него биле пронајдени два пиштоли за кои немал дозвола. Овој албански навивач од групата „Балисти“ имал пиштоли марка „Застава“ и неколку рамки со муниција.

Морина е уапсен сmorina-kursum-500о уште тројца Албанци од Тирана, а обвинет е за нелегално поседување на оружје.

Покрај Морина уапсени се Ерион Буши, Денис Бала и Малин Реха, сите родени во Тирана.

Како што наведуваат полициски извори, Морина во вторникот вечерта пукал од пиштолот „Застава“. Пукањето го пријавиле загрижени граѓани на Тирана, а утрово тој е уапсен.

Во полициската станица Морина рекол дека го чувал спорното оружје за самоодбрана поради се почестите закани кои ги добивал по скандалот со дронот во Белград.

Исто така, кај него биле пронајдени 30 влезници за утрешниот меч помеѓу Албанија и Србија.morina-karti-500

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1