Цеца и го спасува животот на Исидора Бјелица: Ќе го плати лечењето во Лондон!


Цеца Ражнатовиќ кога дознала дека нејзината долгогодишна пријателка Исидора Бјелица нема доволно пари за да го продолжи лечењето на туморот со кој се бори по трет пат, одлучила да и даде финансиска помош.ceca500

Цеца и понудила на Исидора лечење во една од најдобрите клиники во Лондон. Својата замисла пејачката веднаш ја спровела во дело и Бјелица е веќе под надзор на најдобриот тим на професионалци во Англија.

Откако поминала неколку месеци во Швајцарија, каде што наводно поради недостаток на финансиски средства не можела да ја прими комплетната терапија, Бјелица се вратила во Србија.1ceca

– Исидора е моја долгогодишна пријателка. Кога ми беше најтешко, таа беше покрај мене. Сега кога нејзе и е тешко, секако и јас ќе бидам покрај неа. Ќе ја поддржувам и во добро и во зло, рекла Цеца на таа тема.

Пријателот е личност која е покрај тебе и кога ти е најтешко. Вистинските пријатели се познаваат во мака, порачала Бјелица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1