Ова е 17-годишниот Хрват кој бил мртов 67 дена, а потоа оживеал (Фото)


Пред 5 години, кога Јосип Кокез имал 17 години, во третана кревал текови тешки 100 килограми. Еден ден, по појадокот, тој одлучил да пешачи до училиште иако татко му понудил да го пренесе со автомобил.

Додека бил на час и фаќал белешки, ја подигнал главата, погледнал низ просторијата и изгубил свест.josip-kokez

Брзата помош стигнала за седум минути, но Јосип се уште бил без свест. Лекарите се обидувале да го вратат во живот и успеале во два наврати.

Неговиот татко беспомошно гледал како лекарите се борат за животот на неговиот син, додека на Јосип срцето по втор пат му застанало на пат кон болницата.

На одделението за интензивна нега на децата во Сплит, на рендген било воочено зголемување на срцевата сенка. Веднаш после приемот Јосип бил под седативи, во вештачка кома.

mladicu-18-elektrodu-uveli-u-mozak-i-probudili-ga-iz-kome-josip kokez

24sata.hr

„Влегов во свет кој не ми беше јасен. Бев во соба, а не бев во соба. Како сон кој долго трае, не можам да се сетам на деталите“, рекол Јосип.

josip kokez 2

24sata.hr

Професорот Ведран Делетис од КБЦ Загреб, на родителите од Јосип им ја презентирал методата за вградување на невростимулатор во мозокот со кој би се обиделе да го разбудат од вегетативната состојба. Иако не знаеле точно за што станува збор, родителите сакале да се обидат со сè и ја дале својата согласност.

На 67-миот ден, за прв пат после застојот на срцето, Јосип дошол во состојба на будност. Брзината со која реагирал на дразбите околу себе ги зачудила сите и лекарите и родителите. Физички бил во многу лоша состојба, не можел сам да ја држи главата, нозете и рацете му виселе бидејќи целата мускулна маса му пропаднала.

24sata.hr

24sata.hr

-Последното нешто на кое се сеќавам е дека бев во Сплит. Кога се разбудив, бев во Загреб во болница. Не знаев каде сум и што ми се случило. На ништо не се сеќавам“, рекол Јосип.

Неговото закрепнување продолжило со помош на нутриционисти и секојдневни физикални терапии. На неговиот 18-ти роденден за прв пат се вратил во Сплит.

-Влегов во свет кој не ми беше јасен. Бев во соба, а не бев во соба. Како сон кој долго трае, не можам да се сетам на деталите, рекол Јосип.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1