Падна владата во БиХ


Predstavnicki-domПретставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина на денешната вонредна седница изгласа недоверба на актуелната Федерална влада.

За недоверба гласаа 58 пратеници, 26 беа против, а шест воздржани.

Во однос на иницијативата за гласање недоверба на Владата на федерацијата БиХ ќе се изјасни и Домот на народите на 15 февруари, на вонредна седница во Сарајево.

До изборот на нова влада, Владата на која е изгласана недоверба не може да носи одлуки и други акти со кои се создава дополнително финансиско оптоварување на Федерацијата, како и носење одлуки и решенија кои се однесуваат на сите именувања од надлежностите на Владата на БиХ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1