Пајак службата направи парче во Скопје – дигнати 89 возила само вчера


Со специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстрани 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

pajak-sluzbaВо рамките на превентивните активности денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира сообраќајна поука, која ќе се одржи во Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ со почеток во 19 часот. На поуката која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои со возилата непрописно се престроиле пред крстосница, што не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движењето.

Сообраќајната полиција вчера на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив осум се со последица материјална штета и три се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патнички моторни возила и еден пешак. Случени се и две незгоди со последица тешки телесни повреди.

Првата се случила во 12 часот на крстосницата од регионалниот пат Катланово – Скопје и локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен во која учествувале мопед „томос“ со скопски регистарски таблички управуван од граѓанин на Скопје. Возачот при свртување на лево према локалниот пат за „Фазанерија“ – Јасен од непознати причини изгубил контрола над возилото, паднал на коловозот и како последица од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Втората незгода се случила во 13 часот и 45 минути на влез–излез од ЈЗУ лоцирана на ул. „Трета македонска бригада“ во која учествувале товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски таблички управувано од граѓанин на Скопје и пешак граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот. Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера откри и санкционира 30 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив осум возачи со своите возила се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, шестмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1